strumica denes logo

ВЛАДИМИР РИСТОВ: За ВМРО-ДПМНЕ не постои „РОД“

Автор:

Датум:

мај 6, 2024

Автор:

Датум:

мај 6, 2024

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

За ВМРО-ДПМНЕ не постои ,,род”!

Во СДСМ ,,родот” е дел од програмата, предвидуваат закон за родова еднаквост, родов идентитет и индокторинација на децата со родовата идеологија!

Народот не се согласува, а СДСМ тераат по свое. Родот е дел од програмата на СДСМ, во која воедно се предвидува и Закон за родова еднаквост, родов идентитет и индокторинација на децата со родовата идеологија преку сеопфатното сексуално образование!

И покрај сите донесени одлуки во Советот на Општина Струмица, СДСМ, за жал, немаат слух за волјата на струмичани и го погазија зборот, застанувајќи зад програма, која е напишана од родовите активисти.

Носителите на листата на СДСМ во 4-тата изборна единица, Венко Филипче и Јована Тренчевска, се истакнати родови активисти, кои на моменти дури и насилно ја туркаа и сѐ уште ја туркаат родовата идеологија.

Филипче предлагаше операции за “промена” на полот на сметка на буџетот на државата, а Тренчевска е главен протагонист за воведување на Законот за родова идеологија, со кој се признава родовиот идентитет, но и се воспоставува фашистички Секретаријат за спроведување на законот.

Гласот за СДСМ е глас за родовата идеологија, за внесување на родовата идеологија во образованието на децата и признавање на родовиот идентитет.

За разлика од СДСМ, програмата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори не го содржи зборот “род”, туку јасно зборува за еднакви можности на мажите и жените, што е во согласност со волјата на народот, со волјата на струмичани, кои цврсто застанаа во одбрана на објективната реалност и искоренување на терминот “род” од сите документи на локалната самоуправа.

Струмичани се симбол во државата за борци против радикални идеологии, но и како народ, кој верува и ја сака Црквата.

Струмичани рекоа НЕ на погубните политики на СДСМ, а потврда на ова СДСМ уште еднаш ќе добијат на изборите на 8-ми мај.

Да се избориме заедно против радикални идеологиите, со кои сакат да ги уништат децата, конзервативните општествa и вербата во Бог и библиската вистина.

👇Извадоци од програмата на СДСМ за парламентарните избори за 2024 година.