Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Државниот завод за ревизија изразува неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финасиските извештаи. Уште еден дебакл за Костадинов и општина Струмица со извештаи на државните институции.
,, Финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи на Општина Струмица за 2022 година, на сметката на основен буџет (637), не се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики” – стои во извештајот на Државниот завод за ревизија!