Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
НА КОСТАДИНОВ СИТЕ МУ СЕ КРИВИ, САМО ТОЈ НЕ Е КРИВ ШТО ЦЕЛ МЕСЕЦ СТРУМИЦА Е БЕЗ ПИТКА ВОДА
КОСТАДИНОВ ЈА ОСПОРИ ДОНАЦИЈАТА НА 75.000 ШИШИЊА ВОДА ОБЕЗБЕДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ
Градоначалникот Костадинов како полека да ја губи контролата во менаџирање на општина Струмица и на кризната ситуација со вода и ги обинува сите и сите му се криви, само тој самиот не е крив.
Се заканува, поднесува тужби, дрско и безобразно ги навредува политичките опоненти, оспорува свои сопартијци, се со цел да се апстинира од одговорноста дека Струмица е цел месец без вода за пиење.
На вонредна прес конференција обвини компанија, нарекувајки ја срамна и жална, што дала донација од 75.000 литри вода за населението во Струмица, а донацијата ја обезбеди ВМРО-ДПМНЕ.
Иако одговорност на општината која ја менаџира, преку комуналното претпријатие беше да обезбеди питка вода 12 часа по објавата дека водата не е за пиење, тие обезбедија канистри со вода за пиење по 6 дена од кризната состојба.
На крајно популистички начин објавува дека водата е питка, иако знае дека има процедура на државните органи, центарот за јавно здравје и агенцијата за храна и ветерина со која треба да го известат населението дека водата е за пиење. Со таков негов чин ги става во заблуда граѓаните дали водата е за пиење.
Костадинов ги обвинува иституциите и министерот Трипуновски, а истите тие му се понудија за помош во надминување на ситуацијата.
Цело време зборува политички да се растерети проблемот, а постајано дрско ги обвинува сите кои сакаат да помогнат, но без притоа да ја прифати неговата одговорност.
Костадинов како градоначалник можеше да направи кризен штаб на кој ќе ги повика сите надлежни институции и политички чинители, наместо да кука по прес конференции.
Ако му е тешко да ја води општината, слободно може да си поднесе оставка, а институциите ги повикувам да ја испитат цела ситуација со загадувањето на водата за пиење во Струмица и одговорните лица да бидат санкционирани.
На крај граѓаните ќе ја судат неспособноста на оваа општинско раководство на локалните избори наредната година.