strumica denes logo

Владата самата се прогласи за победник и го собра аплаузот за намалената инфлација, граѓаните и натаму крпат крај со крај!

Автор:

Датум:

ноември 8, 2023

Автор:

Датум:

ноември 8, 2023

По пауза од повеќе од една година трошоците на живот на граѓаните во Македонија се намалија на месечно ниво. Податокот кој го објави вчера Државниот завод за статистика кој вели дека во октомври во однос на септември годинава инфлацијата е намалена за 1,5 отсто беше доволна причина властите оваа вест да си ја препишат како нивни голем успех. Владините мерки кои се на сила и оние кои претходно завршија придонесоа да се подобри куповната моќ на граѓаните и населението подобро да се справи со зголемените цени пред се на храната. Вака накусо ќе кажат владините министри на чело со премиерот кои редовно посетуваат дел од компаниите кои користат некоја од владините мерки за поддршка на стопанството, а тие активности најчесто ги користат во денови кога државните институции објавуваат вакви извештаи во кои најголем дел од податоците се позитивни.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Но, граѓаните речиси во сите анкетни истражувања се изјаснуваат дека владата редовно доцни при носење на секоја мерка која треба да ја заузда инфлацијата. Така и во последното истражување на Институтот за економски анализи Фајнанс Тинк може да се забележи дека граѓаните одговориле дека виновни за рекордната инфлација во регионот која ја имаше Македонија е токму поради властите, но и несовесното однесување на трговците во земјава.

Како што најави така и се случи, на неколку часа пред објавата на официјалниот извештај за трошоците на живот од страна на Државниот завод за статистика, министерот за економија Крешник Бектеши при посета на еден од поголемите индустриски капацитети во државата најави дека инфлацијата во Македонија ќе биде двојно намалена.

Претходно информиран или не, тој во целос го погоди процентот на инфлација, и изјави дека тоа е резултат на владините мерки кои и во иднина ќе продолжат. А најави и дека следната недела владата ќе го објави и новиот пакет на антикризни мерки со што дополнително ќе се влијае на намалување на трошоците на живот на граѓаните.

„Мерките на Владата даваат резултат. Стапката на инфлација во октомври изнесува 3,5% и е преполовена споредено со претходниот месец кога растот на трошоците за живот изнесуваше 6,6%“. Трошоците за живот во делот на храна и безалкохолни пијалоци во октомври бележат раст од 1%, што е драстично намалување сппредено со 7,8% пресметани во претходниот месец“, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

По неколкуте истражувања на невлидиниот сектор кои покажаа дека владата е таа која е виновна за високата инфлација во земјава, своје истражување направи и Институтот за економски анализи Финанс Тинк. Речиси половина од испитаниците истакнале дека очекуваат цените до крајот на годинава да растат но со посмирено темпо, а една третина сметата дека цените ќе растат но со забавено темпо.

„Потезите на Владата за управување со ценовниот притисок, или нивното отсуство, е високо-рангирана главна причина. Имено, 17.2% од испитаниците одговориле дека очекувањето за повисоки цени им се должи на тоа што Владата неодамна го покачи ДДВ-то за група производи; 15.5% одговориле дека освен замрзнувањето на цените, Владата не прави ништо друго за да ги заузда поскапувањата, додека 13% очекувањето за раст на цените го темелат на фактот дека цените вообичаено ќе скокнат кога ќе престане замрзнувањето на цените. Земено севкупно, граѓаните сметаат дека Владата и трговците се најодговорни за растот на цените годинава, што е во линија со погорниот наод дека потезите на трговците и на Владата ги формираат очекувањата на граѓаните за понатамошен раст на цените до крајот на оваа година“, стои во истражувањето на ФТ.

Експертите и натаму се на став дека мерката за одмрзнување на цените, кои сега владата ја пролонгира од крајот на овој месец до завршување на оваа календарска година, никако не смее да и се знае датумот на нејзиното завршување. Тоа според економистите е можност трговците да го искористат, односно да подготват веќе следниот ден нова повисока цена на производите кои имале замрзнати цени. А препоракта до властите е и да се внимава во носењето на фискални мерки кои исто така може да влијаат врз раст на инфлацијата во Македонија.