Министерот за одбрана Владо Мисајловски најавува нов закон за пожарникарите кој наскоро ќе биде доставен до Владата.
Тој според министерот ќе се базира врз предлозите кои изминативе неколку години работни групи од повеќе надлежни институции за оваа проблематика работеле на изработка на нов Закон.
Инаку дел од платите на пожарникарите се обезбедуваат преку наменски дотации од буџетот на Министерството за обрана.
На ниво на држава 734 пожарникари се финансираат на овој начин.
Во гаснењето на пожарите низ земјава учествуваат припадници на Армијата, но и еден воен хеликоптер.
Но министерот Мисајловски најавува дека во иднина ваквата слика ќе се подобри бидејќи се очекува новите хеликоптери кои земјава ги нарача од италијанската компанија Леонардо да имаат инсталација за ваква намена и во иднина ќе се користат за гасење пожари.