Текст на Владимир Ристов, советник во советот на Општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ:
ВМРО-ДПМНЕ не е партија која ја поддржува родовата идеологија
Ја разбирам загриженоста на Родителски Фронт за користење на терминологијата ,,родова еднаквост” за која заеднички се бориме да биде насекаде исфрлена како опасно манипулативна која е на штета на еднаквоста на жените и мажите бидејќи уфрла стотици неодредени родови.
Имам уверување дека оваа владејачко мнозинство многу брзо ќе ги корегира сите остатоци од родовата идеологија внесена во законодавството од СДСМ, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е партија која во својата програма не ја вклучува родовата идеологија. Впрочем најпрво во документите на општина Струмица, на предлог забелешката иницирана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои реагираа за родови термини, се прифати корегирање, а потоа следуваше исфрлање на таквите термини во повеќе општини.
ВИДИ ВИДЕО: https://www.facebook.com/vladimir.ristov.mk/videos/935736688549939
Но неможам да го разберам популистичкиот пристап на одредени политичари, особено од СДСМ, што наместо да се борат против родовата идеологија во сопствените редови, лицемерно го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за терминологијата во законот за буџет. Иако знаат дека се работи за закон за буџет (Службен весник на РМ, бр. 203 од 19.9.2022) предложен и донесен од СДСМ во септември 2022 година, потпишан од Стево Пендаровски и Талат Џафери се обидуваат да манипулираат со чувствата на граѓаните но и со вистината.
СДСМ одсекогаш, но и ден денес се партија која отворено се залага за род, родов идентитет и сите сегменти од родовата идеологија. Доказ за тоа се изјавите на нивниот лидер Венко Филипче кој пред само една недела во јавноста зборуваше афирмативно за родовите прашања и родовиот идентитет, па беше надополнет од новата претседателка на жените на СДСМ и новата заменичка претседател на СДСМ Фани Каранфилова Пановска. Даниела Колева истакна дека СДСМ се партија која секогаш била предводник за родовата еднаквост и набројуваше какви се закони донеле за таа цел и меѓу другото го спомна токму тоа – родово одговорно буџетирање. Фани Каранфилова Пановска пак потенцира дека сегашната Влада на ВМРО нема сенс и разбирање за родовите прашања и прогресивни идеи ниту во здравството, ниту во културата …
Поголемо признание и во исто време демант на популистичките манипулации на локалната СДСМ нема и нема да има зошто самите дезиориентирано го прават тоа. Венко Филипче како министер предлагаше да се прават операции за промена на пол и тоа да биде бесплатно односно покриено од државниот буџет. Даниела Колева пак во една прилика во 2022 во Струмица беше директно прозвана од Епископот Јаков кој побара од пратеничката Колева објаснување за Предлог-законот за родова еднаквост, истакнувајќи дека постои силен отпор од мнозинството граѓани, на што таа вети дебата за предлози а ние Стумичани добро знаеме како на крај заврши тоа и каков беше епилогот кој кулминираше со протестите на Црквата во Скопје. Фани Каранфилова Пановска пак пред да стане заменик претседател на СДСМ излезе директно од позиција директор на Отворено Општество Македонија на Сорос и тука на секој му е јасно каква политика промовираше и промовира.
И сега после сето ова кое е воедно лесно проверливо, ги повикувам истите тие локални политичари на СДСМ, наши сограѓани што пробаа манипулативно и популистички да делуваат во јавноста, доколку се навистина искрено загрижени, да почнат јавно да се спротивставуваат за да ги искоренат овие идеи внатре во нивната СДСМ почнувајќи од Венко Филипче, Фани Каранфилова Панова, Даниела Колева, Јована Тренчевска итн …
Што се однесува до предлог законот за изменување и дополнување на законот за буџети, иако станува збор за терминологија, што некои ја сметаат за несуштинска, јас ја сметам за опасна и во иднина истата терминологија треба да се промени. Законот за буџет се однесува на буџетот и нема поврзаност со родовата идеологија, освен останатата терминологија од законот за буџет од 2022 година на СДСМ и поврзаноста со поранешното министерство за труд и социјална политика, терминологија која допрва ќе треба да се промени со посебни закони. Додека не се искоренат сите форми на родова идеологија, ќе се случува истото и со другите закони.
Познавајки ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ убеден сум дека ќе ги исчистат сите остатоци од родовата идеологија бидејќи ВМРО-ДПМНЕ несомнено е партија која ги штити христијанските вредности и тоа ќе го докаже и сега во бескомпромисна борба против родовата идеологија.
А бидејќи популустите од струмичкото СДСМ сакаат предизвици за борба против родовата идеологија еве им еден сериозен предизвик. Имено, токму синоќа таква можност им даде форумот на жени на СДСМ и предсетаделката Даниела Колева кои го ,,најавуваат одржувањето на осмомартовскиот марш кој традиционално го организираат со цел да се нагласи важноста на родовата еднаквост” и планираат овојпат да го одржат токму во Струмица.