strumica denes logo

МИЦКОСКИ: Ќе предводам уште една голема победа над СДС на наредните избори!

Автор:

Датум:

јули 2, 2026

Автор:

Датум:

јули 2, 2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва во интервју на Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител нагласи дека нема амбиција да се кандидира за претседател на државата, но дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи уште една голема победа над СДС на следните парламентарни избори.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав кога тоа ќе се случи, дали за година, пет, десет. Ќе треба овие кои што се уплашени од мене кои што континуирано ги гледам ми претскажуваат некаков крај да се потрудат малку повеќе за тоа да трае малку пократко, а јас пак од друга страна ќе се потрудам малку повеќе за тоа трае подолго. Што подразбира тоа? Тоа подразбира дека планирам убедливо како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да предводам кон уште една огромна парламентарна победа во која што задоволен би бил доколку успееме на тие избори да го подобриме резултатот од тој кој што го имаме пред повеќе од две години. Имам уште многу работи да направам и за граѓаните и за државата бидејќи од оваа улога можам точно да видам што е она кое што погрешно било направено изминатите децении. Граѓаните заслужуваат да биде подобро, мотивиран сум и работам како никогаш повеќе во мојот живот. Се обидувам да помогнам на секој еден на кој што можам, бидејќи јас не сум чудотворец и не можам на сите да помогнам и да правам чуда. Но, во рамките на моите можности секогаш се трудам да помогнам и нормално она кое што од мене го очекуваат граѓаните да ја спроведам правдата во рамките на моите ингеренции како претседател на Владата. Така што еве уште еднаш потврдувам дека немам амбиција да бидам претседателски кандидат“, вели Мицкоски.