Борче Цветков, претседател на СДСМ Струмица:
Почитувани граѓани,
Од мое лично име, како претседател на Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – Струмица, но и од името на општинското и централното раководството на нашата партија, имам чест да ве поканам на граѓанската трибина на СДСМ во Струмица, под наслов „Силно и одлучно кон иднината“.
Трибината ќе се одржи во среда, на 9ти ноември со почеток во 20.00 часот во спортската сала „Парк“, а на која, меѓу другите, ќе присуствува и дел од највисокото раководство на партијата. Свое обраќање пред присутните на трибината, ќе имаме: јас – Борче Цветков како прв човек на струмичките социјалдемократи, членот на Извршниот одбор на СДСМ и актуелен градоначалник на општина Струмица – господинот Костадин Костадинов и претседателот на партијата и актуелен претседател на Владата на Република Македонија – господинот Димитар Ковачевски.
Ве очекуваме во среда во 20:00 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица за да бидете сведоци на „Силно и одлучно кон иднината“, трибина која ќе ви го предочи сублиматот од сработеното на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во изминатиов период, но и редица други нешта кои ја отсликуваат реалната слика на македонската политичка сцена.
Се гледаме!