СТРУМИЧКОТО ВМРО-ДПМНЕ ЗА КРИМИНАЛОТ СО СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ВО КОЈА СЕ СТАВЕНИ 70 СЛУЧАИ И ОД СТРУМИЦА!

март 19, 2024

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:

❗️❗️❗️МИЛИОНСКИ КРИМИНАЛ ВО МТСП СО СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ❗️❗️❗️

Почитувани сограѓани

Секој ден се откриват нови скандали и криминал кои не само што ќе доведат до политичка одговорност на претстојните избори туку јасно ќе покажат на кој начин веќе не смее да се води нашата држава.

Денеска Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски откри дека под сомнеж и дополнителна контрола, меѓу другите, се ставени 70 случаи на корисници на социјална помош од Струмица.

Се работи за злоупотреба на најранливите категории сограѓани. Пари кои нашата веќе сиромашна држава ги издвојува за оние на кои овие средства им се најпотребни.

Вонредниот надзорот и инспекциите над овие и други над 2200 случаи во целата држава треба да покажат дали некои од корисниците неоправдано ги примиле овие пари.

Станува збор за корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило, а според евиденцијата на МВР тие се сопственици на такво превозно средство.

При вкрстување на базите на податоци месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило. Службите не постапувале по однос на истото со што се продолжила исплатата на парични средства. Постои сомнеж дека се предизвикала милионска штета на буџетот на Министерството.

ВМРО- ДПМНЕ покрај политичката одговорност се залага ваквото однесување да значи комплетна кривична и материјална одговорност.

ОПШТИНСКИ КОМИТЕТ
ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦA

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ