strumica denes logo

ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА СЕМЕЈСТВОТО МИТРОВИ ОД СТРУМИЦА: АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА НИКОЛ ВАРНЕС ЈА ПОСЕТИ СЕМЕЈНАТА ФАРМА!

Автор:

Датум:

ноември 16, 2026

Автор:

Датум:

ноември 16, 2026

Семејната фарма за производство на млеко „G’na Dairy Farm“, во сопственост на семејството Митрови, беше домаќин на значајна дипломатска посета. Фармата ја посети Никол Варнес, вршителка на должноста шеф на мисијата на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, придружувана од претставници на Амбасадата.

За време на посетата се разговарало за развојот на млечниот сектор, современите практики во сточарството, како и за можностите за идна соработка.

Сопственикот Горан Митров изразил чест и задоволство од посетата, која претставувала можност за размена на искуства и идеи поврзани со развојот на домашното производство на млеко.

Посетата воедно го стави во фокус значењето на семејните фарми и нивната улога во развојот на македонското земјоделство и сточарство.