Струмичанецот Зоран Спасов беше дел од селекторскиот тим на македонската репрезентација на Европското првенство во кикбокс, каде што Македонија оствари одличен резултат со освоени девет медали.
Спасов беше еден од шесте тренери од целата држава кои добија одговорна задача да бидат дел од стручниот штаб на националниот тим.
Со заедничка работа, посветеност и стручна поддршка од тренерите, македонските репрезентативци успеаја да освојат еден златен, два сребрени и шест бронзени медали, достојно претставувајќи ја Македонија на европската спортска сцена.
Успехот на македонската репрезентација е воедно и признание за стручноста и посветеноста на струмичанецот Зоран Спасов, кој даде свој придонес во овој значаен резултат за македонскиот кикбокс.























