strumica denes logo

СТРОГИ КОНТРОЛИ ЗА ВРЕМЕ НА ДРЖАВНАТА МАТУРА – ТЕСТОТ ЌЕ СЕ ОДРЖУВА ВО СПОРТСКИ САЛИ ИЛИ УЧИЛИШНИ ХОДНИЦИ!

Автор:

Датум:

мај 13, 2024

Автор:

Датум:

мај 13, 2024

Тестот на државната матура за средношколците во Македонија, годинава ќе се одржува во спортски сали или училишни ходници, а не како досега во паралелки каде имало по 15 ученици.

Оваа одлука на Министерството за образование е донесена за да се избегнат сите неправилности за време на полагањата кои се дел од Државната матура.

Поригорозното тестирање, велат од Министерството за образование, ќе придонесе и за поправеден избор на студенти на факултетите, за што има поголем интерес.

Тестирањето на матурантите со нови правила следи по минатогодишниот скандал кога во група на социјалната мрежа Вибер беа споделени прашања за матура со одговори, каде веднаш по започнувањето на процесот на тестирање имаше повеќе од 7 илјади матуранти. Во овој случај, беше откриено дека повеќе од половина од студентите препишувале за време на испитот по англиски јазик.