СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: Дојдени сме на позициите да му помогнеме на народот да живее полесно – Ако ми ја дадете довербата ќе продолжам да ве почитувам сите!

април 7, 2024

Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Македонија од редовите на СДСМ:

Дојдени сме на позициите за да му помогнеме на народот да живее полесно, а не децата да ни бегаат од државата. Битката против криминалот и високата корупција ќе биде и моја највисока должност во име на народот доколку ја добијам вашата доверба.

Улогата на претседателот е да ги сплотува луѓето, а не да ги дели. Ако ми ја дадете довербата и за вториот мандат ќе продолжам по истиот пат да ве почитувам сите и сечиј потенцијал, талент, знаење, и искуство да го користам за доброто на Македонија.

На 24 април гласајте за бројот 1 за демократска, европска и напредна Македонија во која има соживот и во која сите меѓусебно се почитуваат!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ