СТЕФАН АНДОНОВСКИ: По изборите владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозна трансформација во јавниот сектор!

јануари 31, 2024

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски преку статус на Фејсбук пишува дека по изборите реформската Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозна трансформација во јавниот сектор која ќе резултира со среќни и успешни вработени, ефикасна јавна администрација и квалитетни услуги за граѓаните.

„Реформата на јавната администрација во Македонија е критериум за пристапување кон Европската Унија и не смее да биде личен хир на ниту една Влада и на ниту еден Министер.
Законите не смее да се носат по скратена постапка со европско знаменце, без дебата, без вклученост на јавноста.

Законот и според СИГМА извештаите има недостаток во клучни работи, како што е Системот за наградување на перформанси (Performance appraisal system), кој наместо да го развијат го симплифицираат и субјективизираат.

По изборите реформската Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозна трансформација во јавниот сектор која ќе резултира со среќни и успешни вработени, ефикасна јавна администрација и квалитетни услуги за граѓаните.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ