strumica denes logo

ВОЗАЧИТЕ КОИ ЌЕ ИСПРСКААТ ПЕШАЦИ СО ВОДА ЌЕ ПЛАЌААТ КАЗНА ОД 35 ЕВРА!

Автор:

Датум:

ноември 20, 2026

Автор:

Датум:

ноември 20, 2026

Невнимателното возење низ влажни улици може да ги чини возачите 35 евра. Се предвидува казнување за возачите кои не внимаваат на пешаците и со своите возила ги прскаат со вода од коловозот.

Според член 124 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачите се должни да ја приспособат брзината кога на коловозот има вода, за да не ги испрскаат пешаците и другите учесници во сообраќајот.

За непочитување на оваа обврска е предвидена глоба од 35 евра во денарска противвредност.

Казната е потсетник дека возачите мора да внимаваат и на пешаците, особено во дождливи денови.