Се воведуваат нови правила со измените на Законот за возила, со кои се предвидува електронска проверка на регистрацијата, осигурувањето и техничката исправност на автомобилите.
Полицијата ќе може преку електронски систем да провери дали возилото е регистрирано, осигурено и дали ги исполнува техничките услови. Се предвидува и проширување на Регистарот на возила со податоци за техничките прегледи и измерените издувни гасови.
Се воведува и еколошка категоризација во три категории – зелена, жолта и црвена, зависно од стандардот и емисијата на издувни гасови.
Измените предвидуваат и построг надзор над станиците за технички преглед, повисоки казни за неправилности и можност за одземање на лиценците.





















