strumica denes logo

СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: Бараме оставка од Костадинов за ваквото несериозно однесување што ги остави Струмичани без чиста вода за пиење!

Автор:

Датум:

септември 29, 2024

Автор:

Датум:

септември 29, 2024

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:

КОСТАДИНОВ И КОМУНАЛЕЦ НЕКОЛКУ ГОДИНИ НЕ ПРЕЗЕМАА НИШТО ПО РЕАКЦИИТЕ ЗА НЕЧИСТА ВОДА, ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА БРАНАТА ТУРИЈА, ЗА КАТАСТРОФАЛНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ!

Градот Струмица и неколку населени места нема вода за пиење како резултат на лошото менаџирање на Општина Струмица од страна на градоначалникот Костадинов.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ многупати досега реагираше на лошиот квалитет на водата за пиење во Струмица и бараше од струмички комуналец да најдат решение за проблемот.

Советничката група реагираше и на недостатоците на вода за пиење во делови на Струмица и населените места поднесувајќи предлози за надминување на состојбите.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше против извештаите на ЈПКД Комуналец, со голем број забелешки како за финансиското така и за материјалното работење на ЈПКД Комуналец.

Градоначалникот Костадинов реши да се занимава со расипничко трошење на парите на граѓаните договарајќи зделки за скапи автобуси, клупи и контејнери наместо да се зафати со решавање на забелешките за водата во Струмица.

ВМРО-ДПМНЕ пред неколкунгодини алармира за уништување на браната Турија од неспособната тогашна власт на СДСМ во која Костадинов беше дел од извршниот комитет на партија и пратеник во македонското собрание.

За ваквото несериозно однесување што ги остави струмичани без чиста вода за пиење Костадинов треба да понесе политичка одговорно и да се повлече од функцијата Градоначалник на Општина Струмица.