strumica denes logo

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ ОД СТРУМИЦА ЌЕ ОСТВАРАТ СРЕДБИ ВО ШВАЈЦАРИЈА СО МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА!

Автор:

Датум:

јуни 13, 2024

Автор:

Датум:

јуни 13, 2024

Советничка група на Вмро-Дпмне, ОК Струмица:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, по покана на македонските здруженија од Швајцарија, ќе присуствува на ,,Македонскиот ден” во Ешален, Швајцарија.

Наредниот викенд од 14 јуни до 16 јуни ги повикуваме сите Македонци кои живеат и работат во Швајцарија да присуствуваат на настанот и на разговори и средби со нашата советничка група.

Членовите од ВМРО-ДПМНЕ при советот од Општина Струмица покрај официјалниот дел на настанот и посетата и средбите со претставници на општина Ешален, ќе се сретнат со претставници на македонската дијаспора, со иселеници од Општина Струмица и со претставници на задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Со нашите сограѓани кои живеат во Швајцарија ќе разговараме за идеи за подобрување на локалната политика во Струмица со имплементирање на позитивни примери од Швајцарија.

Посетата на Швајцарија советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја реализира со сопствени средства.