strumica denes logo

Сите инспекциски служби се на терен во Струмица!

Автор:

Датум:

март 25, 2025

Автор:

Датум:

март 25, 2025

Врз основа на добиена Наредба Бр.09-2052/1 од 21.03.2025 година, донесена од страна на Градоначалникот на општина Струмица, која се однесува на вршење на вонреден инспекциски надзор над субјекти кои вршат угостителска дејност во објектот и надвор од објектот, на ден 24.03.2025 година од страна на општинските градежни инспектори, комунални инсектори, инспектор за животна средина, извршени се заеднички надзори над 8 правни субјекти.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

🔴За сите правни субјекти од страна на општинските инспектори согласно делокругот на надлежност од материјалните закони и согласно утврдената фактичка состојба од лице место изготвени се:

🔴Општински градежен инспектор 8 Записници од извршен вонреден инспекциски надзор во кои се утврдени 8 неправилности, и за истите ќе бидат превземени инспекциски мерки согласно одредбите од член 132 од Законот за градење❗️

🔴Општински комунален инспектор 6 Записници од извршен вонреден инспекциски надзор од кои во 4 се утврдени неправилности, за кои ќе бидат донесени Решенија со рок за отстранување на неправилностите, а во 2 е констатирано дека нема неправилности во поглед на користење на јавните површини, согласно одредбите од Законот за јавна чистота❗️

🔴Општински инспектор за животна средина 8 Записници од од извршен вонреден шинспекциски надзор во кои се утврдени 7 неправилности, за кои ќе бидат донесени решенија Со рок за отстранување на неправилностите, согласно одредбите од Законот за животна Средина и Законот за управување со отпад❗️

За изречените решенија и казни допонително, секојдневно ќе бидете известувани од страна на ИНСПЕКТОРАТОТ.

Согласно извештаен период од 01.01.2025 до 23.03.2025 од страна на секторот за инспекциски работи извршени се 226 надзори❗️