strumica denes logo

СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА: Логично е опозицијата да се обединува кога има противник каква што е оваа власт!

Автор:

Датум:

мај 1, 2024

Автор:

Датум:

мај 1, 2024

Претседателската дебата на Телевизија Телма: Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова порача: Логично е опозицијата да се обединува кога има противник каква што е оваа власт!

Јас не им велам на граѓаните гласајте за мене, туку искористете го вашето политичко право, едно од најважните, и гласајте по сопствено политичко уверување. Не можете да им оневозможите на коалициите и на лидерите на партиите меѓу себе да разговараат. Логично е опозицијата да се обединува кога има противник каква што е оваа власт. Веројатно и совпаѓањето на изборите оневозможува да се постави една линија цврста, помеѓу она што, кој и како гласа за претседател и кој, како глса за пратеници. Значи, јас не ги повикувам партиите, јас ги повикувам граѓаните. Нема тука разлика меѓу мене и останатите. Меѓутоа ако ги слушаме и лидерите на партиите, гледаме не само што повикуваат туку и поставуваат услови. И не само за составувањето на владата и за настапот на парламентарните избори, туку и за самите кандидати. Само да потсетам, ние двајцата и на минатите избори излеговме заедно, тогаш имавме поддршка и од пратеници ама и од граѓаните. Јас добив повеќе потписи од граѓаните ама Изборниот законик е јасен дека можете да поднесете само една листа.

И мојата дилема е како тогаш, ако можете да поднесете една листа, како ќе аплицирате и со потписите на граѓаните и со поддршката на пратениците? Инаку, логиката е во нешто друго. Ако господинот Пендаровски го поддржале граѓаните, тогаш се треба да оди, од договори со Вас до финансирањето, преку оние 10%. А, не 45 плус 45 како што тој и јас настапуваме. Сега ви е јасно кој кого изманипулирал. Само фрлете поглед на билбордите и ќе видите кој најзастапениот. Јас не сум видела толку варијации на билборди како овој пат. Навистина граѓаните се многу богати изгледа. Јас имам еден билборд, една слика. Инаку сум застапник на тоа во Изборниот законик да се регулира големината на билбордите така што апсолутно не гледам хипокризија. Јас кај вас гледам хипокризија и цинизам.