Вчера, 14.06.2022 (вторник) во 19ч. во Дом на АРМ, ОО СДСМ Струмица одржа трибина за политиките и мерките кои ги спроведува Владата на Република Македонија. Говорници на трибината беа претседателот на ОО СДСМ Струмица Борче Цветков министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и пратеничката во Собранието на Љубица Спасова.
„Во период од само пет години, како резултат на мудрото владеење, решен е долгогодишниот спор со Грција околу името, задржувајќи го притоа зборот Македонија, но и сите нешта кои го сочинуваат нашиот идентитет и посебност, нашава земја стана 30-та земја членка на НАТО, а неодамна е признаена и автокефалноста на нашата Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Со овие три огромни подвизи нашите повеќегодишни соништа, но и на цели генерации Македонци, станаа јаве. Горд сум што сум претседател на една од општинските организации на СДСМ во државата, и тоа не на која било, туку токму на таа од градот – бастион на македонската социјалдемократија.“, напиша претседателот Борче Цветков на неговиот официјален фејсбук профил.