strumica denes logo

РЕАКЦИЈА НА СТРУМИЧКОТО ВМРО-ДПМНЕ: Го повикале Зоран Заев во Турското маало да ја спасува работата непосредно пред изборите!

Автор:

Датум:

мај 6, 2024

Автор:

Датум:

мај 6, 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Очигледно Ковачевски му забранил на Заев да настапи на митингот во центарот на Струмица а му дозволил да збори на малски митинг во Турското маало.

Очајната СДСМ во Струмица се фаќа за сламка. Во Турското маало каде победи ВМРО-ДПМНЕ го повикале Зоран Заев да ја спасува работата непосредно пред изборите.

Струмица сепак, се сеќава дека Зоран Заев беше Премиер на Република Македонија во чиј мандат не само што се урниса Македонското национално достоинство, криминалот стана главна стопанска гранка, туку Струмица не доби ниту една поважна инвестиција или поддршка.

Токму затоа Зоран Заев се охрабрил да се појави само на маалски митинг за да побара гласови за неговите сопартијци Венко Филипче, Јована Тренческа и Борче Цветков. Нема аргументи со кои би настапил пошироко. Со ова јасно се потврдува дека СДСМ има сериозен проблем со политичкиот идентитет, внатрешен раскол поради тоа што ако го качат на сцена својот поранешен Претседател и Премиер ќе изгубат уште повеќе. Да не беше така човекот од Струмица кој беше премиер ќе земеше учество на одржаниот митинг вчера во центарот на Струмица. Со настапот на маалски митинг останува сомнеж дека Димитар Ковачевски му забранил на Заев да настапи на митинзи.

СДСМ и Зоран Заев заборавија дека во Струмица се на власт цели две децении. Затоа обраќањето на Зоран Заев во Турското маало го сметаме за срамно и потценувачко за сограѓаните. На толку многу ветувања, нереализирани проекти во две децении власт срамота е пред граѓаните во Турското маало во Струмица да се потенцират платени сметки и чистење на кал од улиците.

Почитувани,

Пред само неколку денови ВМРО-ДПМНЕ се сретна со своите сограѓани од Турската маала во Струмица. Тие веќе се на страната на победниците на 8 мај, свесни дека доаѓа ново време за сите нас граѓаните на Македонија на еднаквост, проекти и прогрес за сите.