strumica denes logo

ПРИКАЗНА ЗА ЗЛАТНАТА ПЕТОРКА: „ОД РОБ СЕ ВРАЌА – ОД ГРОБ НЕ СЕ ВРАЌА”

Автор:

Датум:

август 13, 2024

Автор:

Датум:

август 13, 2024

Денеска се одбележуваат 74 години од убиството на петте струмички студенти. Во 2001 година во издание на Макселин излегува книгата Отворени писма. Со извадоци и цитати од личното сведоштво на Методија Калкашлиев да го доловиме социјалниот и политички момент во кој се одвива сторијата за убиството на петте струмички студенти.

– Метка! Трчи дома, татко ти падна од највисоката тераса. Спрострен е врз камењата не знам дали е жив или мртов…задишан вика Андон Карчев Веднаш по овој коварно подол акт ( на ОЗНА) звучната мрежа во цела Струмица жолчно врескаше “Народниот непријател и трговски шпекулант Кирил Калкашлиев пробал самоубиство, само и само да избега од народниот суд”
Кога стасавме во дворот, братучедот Георги Ангов апсолвент на медицина го беа симнале татко ми од камењата и му дадоа прва помош…

Во штипската окружна болница во тек од десет дена татко ми се бореше за живот. На кратки интервали на свест и сознание рекол оти го примамиле озновците да се качи на покровната бетонска тераса и од таму го исфрлиле надолу…
Си помина така маченички на 6 ти мај и на сам ден Ѓурѓовден е погребан во присуство на илјаден народ…

Сведочи за ова издание Методија Калкашлиев кој тогаш има 17 години и е еден од современиците, близок другар и соработник на петте студенти, припадник на тогашната млада македонска интелигенција.За својот татко тој пишува дека не само што бил одликуван борец, туку и дека бил доста вешт трговец и предводник на еснафот. Тој сведочи дека првите радија, првите расветни тела во Струмица и првите електрични инсталации ги донел Кирил Калкашлиев. Семејството во Балканските војни се преселило во Струмица по опажарувањето на денешен Стар Дојран. Но, тоа не го спречило Кирил да работи, да учи и создава, да изгради куќа, да отвори во градот од галантерија до парфимерија.

Дури, успеал да му помогне на еснафот да ја победи чевларската индустрија така што ги натерал знаетчиите да произведат поевтина понуда преку откуп и употреба на евтините отпадоци од индустријата. Тоа е времето кога е изградена струмичката чаршија, новото корзо, дуќани. Сето тоа создало завист кај одредени млади комунисти во Струмица. Нивната намера е да го ограбат Калкашлиев.

Уште една трагикомедија- сведочи Методи Калкашлиев. На 13 -ти мај 1945 година татко ми беше ” изведен пред суд” што тогаш го викаа “народен”. Мртовецот Кирил Калкашлиев го изведоа пред суд и му го конфискуваа целиот имот. Судскиот процес беше во Кино Балкан… ученик во VI клас на цел глас викаше ” Смрт ! Смрт! … таа чудна атмосфера ја прекинува самиот Методи кој седејќи во галеријата на Кино Балкан без и да го приметат нарачателите на процесот.
” Смрт на мојот татко, донесете го да ја чуе пресудата…А бре будали кај се видело мртов човек да се суди на смрт…
Настанува тишина, а откако се освестува од драматична изненада “смртоносната банда” како што сведочи Калкашлиев со клоци и тупаници го исфрлаат од салата. Во рок од два часа, семејството е исфрлено од куќата, а во неа се населува тогашната управа за државна безбедност- УДБА.