strumica denes logo

Поскапуваат чоколадите и сладоледите – нема веќе да пиеме евтини газирани сокови?

Автор:

Датум:

август 11, 2023

Автор:

Датум:

август 11, 2023

Се подготвува ново поскапување на млечните чоколади, чоколадите за готвење, бисквитите, бонбоните, но и на сладоледот, предупредуваат експертите со коишто разговараше „Денар“ откако трошоците за какао на големо скокнаа на највисоко ниво и ќе останат високи најрано до крајот на 2024 година.

Главните причини за зголемувањето на цените на благите продукти, појаснуваат експертите, е поради колапсот на производството на какао во Западна Африка, регион кој сочинува две третини од светската жетва на мешунките кои се клучна суровина за производство на чоколада.

Обилните дождови кои периодов го зафатија тој дел на светот, како и болеста што предизвикува гниење, практично ги опустошиле посевите и тоа предизвикува голема загриженост за резервите на шеќер на светско ниво, а секако тоа на некој начин ќе се одрази и врз Македонија.

Според аналитичарите, зголемувањето на цените на шеќерот може да се пренесе на крајните потрошувачи во форма на повисоки цени за нивните омилени слатки, како што се сладолед, бисквити, чоколади, бонбони…

– Порастот на цените на кондиторските производи и пијалаците базирани на шеќер е поттикнат од зголемувањето на вредноста на шеќерот. Цените на преработената храна растат на глобално ниво. Во чоколадна лента имате млеко, какао во прав, и овие трошоци исто така се зголемуваат. Трошоците за енергија и работна сила за производство на такви производи исто така се зголемуваат – велат експертите.

Најголемиот скок на цените на благите продукти, предвидуваат аналитичарите, се очекува да се случи во втората половина на 2023 година.

Инаку, најголемиот светски производител на какао, Брегот на Слоновата Коска, се очекува да ја намали својата претстојна жетва за речиси една петтина во споредба со минатата година и веќе ја прекина трговијата со договори кои ги обврзуваат земјоделците да ја испорачаат стоката во одредено време.

Во Гана, вториот по големина производител, производството ќе падне под историскиот просек.
Иако пандемијата ја забави глобалната побарувачка за чоколадо и предизвика зголемување на залихите, закрепнувањето на потрошувачката и двегодишниот недостиг значително ги намалија тие залихи.