Струмичката Православна Епархија ги поканува сите верници и граѓани да присуствуваат на свечената литија со чудотворната икона на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која ќе се одржи в сабота, на 26 април 2025 година.
Свечената поворка ќе започне по завршувањето на Светата Божествена Литургија, која ќе се одржи во храмот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица. Литијата ќе започне во 10:00 часот, а ќе се движи по следната рута: улица „5 Ноември“ до црквата „Св. Кирил и Методиј“, продолжувајќи по улиците „Стив Наумов“ и „Герас Цунев“ до централниот плоштад „Гоце Делчев“.
На плоштадот ќе биде отслужен Молебен на Пресветата Богородица, по што литијата ќе продолжи по булеварот „Маршал Тито“ и ќе заврши кај храмот „Св. Димитриј и Св. Григориј Палама“.
Струмичката Епархија ги охрабрува сите верници да земат молитвено учество во ова духовно значајно собитие, изразувајќи ја својата вера, љубов и благодарност кон Мајката Божја.