strumica denes logo

МАКЕДОНСКИОТ АЈНШТАЈН МАКЕДОН ЈА ПОСЕТИ НАШАТА СТРУМИЦА – СЕ ФОТОГРАФИРАШЕ И СО ГОРАН ПАНДЕВ!

Автор:

Датум:

август 12, 2024

Автор:

Датум:

август 12, 2024

Македон Димитровски е 7-годишен генијалец од Тетово кој веќе говори повеќе јазици, меѓу кои германски, англиски, кинески и арапски, а решава математички задачи наменети за втора година средно образование. Македонскиот Ајнштајн пред 2 дена ја посети нашата Струмица и уживаше во нејзините убавини.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Македон се фотографираше и со фудбалската легенда Горан Пандев, а присутвуваше и на натпревар во одбојка во Спортската сала во Струмица.

Инаку, на 4-годишна возраст родителите го однеле Македон на тестирање во еден центар за психологија, каде немало тест за таа возраст, па малиот генијалец решил тест за возраст од 7 до 14 години и било утврдено дека поседува коефициент на интелигенција IQ 134, а се очекува дека со текот на возраста тој коефициент ќе порасне до 145-150.

Само за споредба, во просек коефициентот на интелигенција кај луѓето се движи од 85 до 115, коефициентот од 120 до 140 се смета за „многу супериорна интелигенција“, а оние со IQ над 140 се генијалци.