КОСТА КОСТАДИНОВ:
ПРВА Б МЕСНА ОРГАНИЗАЦИЈА
Моите сопартијци од прва Б месна организација, луѓе со кои почнав да ги учам темелите на социјал – демократијата, луѓе со кои растев и се надоградував.
Тие ми го покажаа значењето на тоа дека за постигнување на големи работи треба чиста мисла и несебично дејствување.
Моето маало кое е симбол на единството, соработката, братството.
Благодарение на Жарко Палифров, Билјана Иванова, Столе Коциров, Русе Филиповски, Ѓорѓе Врешка, Никола Куклев и многу мои тамошни другари, денеска јас сум кандидат за градоначалник.
Победата е во единството!
ПОСЕТА НА ПРОСЕНИКОВО:
Прекрасна вечер и можност за разговор со сограѓаните од Просениково.
Да, тука секогаш се знаело како и со кого, напред. Убеден сум дека и сега, заедно сме најдоброто.