strumica denes logo

КОЛОНИ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА: На „Богородица“ и „Дојран“ се чека од 40 минути до еден час!

Автор:

Датум:

септември 7, 2024

Автор:

Датум:

септември 7, 2024

Речиси идентична е ситуацијата и на граничниот премин „Меџитлија“ кај Битола, исто така, на границата со Грција, каде што има редици возила кои чекаат да ја преминат границата.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Продолжениот викенд поради државниот празник 8 Септември – Денот на независноста донесе зголемена фреквенција и подолги колони чекање на граничните премини кон Грција.

Ако се погледнат видеата од камерите на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) кои во реално време ја пренесуваат состојбата со интензитетот на сообраќајот на граничните премини, долги колони возила можат да се забележат на граничниот премин „Богородица“.

Речиси идентична е ситуацијата и на граничниот премин „Меџитлија“ кај Битола, исто така, на границата со Грција, каде што има редици возила кои чекаат да ја преминат границата.

Како што информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ), интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

„На граничните премини ‘Богородица’, ‘Дојран’ и ‘Табановце’ време на чекање за излез од државата е од 40 мин до еден час, а на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“,

информираат од АМСМ.
Оттаму препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова, велат, посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.