strumica denes logo

Кои се најгласни, а кои најтивки во Советот на Струмица? Мониторинг за активноста на советниците!

Автор:

Датум:

мај 11, 2025

Автор:

Датум:

мај 11, 2025

Советот на општина Струмица во период од 15 ноември 2023 до 15 ноември 2024 одржал 14 седници. Од видео материјалот на youtube може да се види дека вкупно за оваа година советот на седници заседавал 30 часа и 20 минути, стои во мониторингот на здружението Домино Центар за едукација и мобилност како дел од е дел проектот ,,Анализа на работата на општинските советите во југоисточен регион”.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Советот на Општина Струмица брои 23 советници од кои 13 од СДСМ и коалицијата (Сите 13 советниците се од СДСМ), 9 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата (7 советниците од ВМРО-ДПМНЕ, 1 од ГРОМ и 1 од СПМ), и 1 советник од независната советничка група ,,Стига е”.

Според половата структура има 9 жени и 14 мажи. Според етничката застапеност 22 советници се македонци и 1 советник е турчин.

Според степенот на образование 20 советниците се со високо образование, а 3 се со средно образование. Од советниците со високо образование најмногу по 6 има од областа на правото и медицината, 3 од областа на економските науки, двајца со дипломирани професори и по 1 од технолошки науки, социолошки науки, и еден со факултет детективи и безбедност.

Според записниците од седниците на совет на Општина Струмица во овој период од 15 ноември 2023 до 15 ноември 2024 најактивен бил советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ристов кој имал 102 активности.

По него следува советникот од независната листа на ,,Стига е” со 81 активност и советничката од СДСМ, Наташа Шапковска со 66 активности.
Најмногу одржани говори или поставени прашања имаат советниците Владимир Ристов од ВМРО-ДПМНЕ и советникот од независната листа на ,,Стига е” по 79, потоа следуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Маџунков со 58 и Тања Дедејска со 46.

Најмногу одржани говори од советничката листа на СДСМ имаа Претседателот на советот Марјан Даскаловски 31, Македонка Глигорова 23 и Зоран Костадинов 15.

Најмногу извештаи за работата на комисиите имаат советниците од СДСМ, Наташа Шапковска 66 која е претседателка на комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој, Ване Крстев 57 кој е претседател на комисија за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природата и Елена Маѓеровска Паликарова 27 која е претседател на комисијата за мандатни прашања, избори и именувања
Најмногу извештаи за работата на комисиите од опозицијата имаат советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ристов кој е претседател на комисијата за култура, образование и спорт вкупно 23, 5 има Илија Илиев претседател на комисија за јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и противпожарна заштита и 2 советникот од независната листа на ,,Стига е”, Ѓорги Танушев кој е претседател на комисијата за еднакви можности.

Градоначалникот Костадин Костадинов присуствувал на 12 од 14 седници кој ги одржал советот на Општина Струмица во периодот од 15 Ноевмри 2023 до 15 ноевмври 2024 година.