strumica denes logo

ЌЕ СЕ ВРАТАТ МЕРКИТЕ ЗА МНОГУДЕТНО СЕМЕЈСТВО: „Старееме како нација, ќе нема кој да го полни буџетот за да ги испорачаме обврските кон пензионерите“, еве што вели Мицкоски!

Автор:

Датум:

септември 21, 2024

Автор:

Датум:

септември 21, 2024

Во неодамнешното гостување во поткастот кај новинарот Кристијан Ландов, премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе формира тело со повеќе членови кои ќе се занимаваат само со една тема- демографијата.

„Наскоро ќе формирам тело од повеќе членови кои ќе се занимаваат со една тема а тоа е демографијата. Затоа што мислам дека тоа е клучниот предизвик за периодот кој што следи, за децениите што следат затоа што старееме како нација и ќе нема кој да го полни буџетот, а од буџетот да ги испорачаме обврските кои што ги имаме кон поворасното население, кон пензионерите. Тоа ни е главен предизвик и мораме младите да ги завртиме кон семејството. Некоој може да ми се лути, некој може да ми каже дека сум конзервативен, дека сум старомоден, но убеден сум дека ако сакаме да имаме стабилна нација, ако сакаме да имаме цврста држава, мораме семејството да ни биде прво во фокусот“, рече Мицкоски.

На прашањето на новинарот дали ќе се вратат мерките за многудетно семејство, Мицкоски вели дека ќе се вратат и дека ќе има мерки за многудетно семејство.