strumica denes logo

ИНТЕРВЈУ СО СТРУМИЧАНЕЦОТ ЃОРЃИ ГОРГИЕВ, МОМЧЕТО КОЕ ОД МАЛИ НОЗЕ СВИРИ НА ТАПАН И ИМА ПОСТИГНАТО ГОЛЕМИ УСПЕСИ!

Автор:

Датум:

јули 31, 2024

Автор:

Датум:

јули 31, 2024

Ѓорги Горгиев или уште познат во Струмица како „Џоко Тапанаро“ е 22 годишен перкусионист и тапанар од Струмица. Тој од мали нозе ја осетил способноста за музицирање а од 14 години почнал да работи со македонската фолк пејачка Благица Калева и група Модус. Денес Ѓорги работи со повеќе артисти од Струмица и други градови во Македонија, тој беше член на бендот „YU For You“ а моментално е член на бендот на Јовче Пандев и бендот „Dismissed“.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Струмица Денес: Ѓорги, колку време се занимаваш со свирење тапани и што те инспирираше да го одбереш баш овој инструмент?
Ѓорги: Инспирација добив од мојот покоен дедо чие име го носам, тој ми го купи првиот тапан бидејќи препозна музичка искра во мене, негова желба беше да бидам тоа што сум, и среќен сум што успеав да го постигнам тоа додека беше жив.

Струмица Денес: Дали свириш некои други инструменти?
Ѓорги: Моментално сум фокусиран само на ударни инструменти.

Струмица Денес: Кажи ни за твојот најдобар концерт во кариерата, како се одвиваше?
Ѓорги: Како најдобар концерт можам да го издвојам првиот концерт на „YU For You“, беше малце напорно, имаше голема организација и многу проби, но си поминавме многу добро.

Струмица Денес: Дали имаш друго хоби надвор од музиката?
Ѓорги: Да, исто така работам и како уредник на сценско и концертно светло.

Струмица Денес: Дали имаш соработувано со некои значајни личности?
Ѓорги: Да, до сега имам работено со доста пејачи од македонската естрада, и се разбира со моите колеги од Струмица: Александра Јанева, Иван Кукич, Јовче Пандев, Ивана Василева и други.

Струмица Денес: Како што знаеме музичарите имат доста интересен и динамичен живот, што ти е омилено а што би сменил?
Ѓорги: Да, интересен е животот но би сменил само да можам да минувам повеќе време дома.

Струмица Денес: Кои музичари те инспирираат и кои квалитети би сакал да ги „позајмиш“ од нив?
Ѓорги: Единствениот лик со кој пораснав со него е тапанарот „Eric Moore“ од Америка, кој моментално е тапанар на пејачот „Eros Ramazzotti“ од Италија, имав прилика да бидам со него во контакт кога тој беше во Скопје но поради работни обврски немав прилика да присуствувам на концертот. Би ја позајмил техниката и брзината во музицирањето, го обожавам тоа.

Струмица Денес: За крај, што би им порачале на нашите читатели?
Ѓорги: За крај би им порачал да се сака и почитува секој стил на музика, јас не сум определен на еден стил туку ги сакам и ги почитувам сите стилови на музика!