Сопственикот на Икс (екс Твитер) Илон Маск најави тужба против фондацијата „Отворено општество“ во сопственост на милијардерот Џорџ Сорос. Маск прозборе за ова кога новинарот Мајкл Шеленбергер забележа дека невладините организации финансирани од Сорос намерно шират лажни информации за зголемени „инциденти од омраза“ за да ги оправдаат нивните барања за построги ограничувања на слободното изразување.
„Политичари и невладините организации финансирани од Џорџ Сорос велат дека за зголемуваат „инцидентите од омраза“, но не е така. Толеранцијата кон малцинствата е повисока од кога било и натаму се зголемува. Причината поради која тие шират дезинформации за омразата е да ја оправдаат драконската акција против слободата на говорот“, напиша Шаленберг.
На тоа Маск реагираше со најава за тужба, велејќи дека се работи за многу важна тема.
Конкретен повод за разгорување на војната е извештајот на ирскиот новинар Бен Скалан за тоа како фондацијата на Џорџ Сорос ја подржува цензурата во Ирска и Шкотска, која вклучува претреси и проверки на телефоните и компјутерите на „осомничените “граѓани.