Според 95 проценти од обработените податоци на Државната изборна комисија, за Гордана Силјановска-Давкова гласале 345.329 гласачи или 40,19%, а Стево Пендаровски 171.325 гласачи или 19,94%.
На трето место според освоените гласови е Бујар Османи со 115.374 или 13,43%, четврт е Арбен Таравари со 81.105 или 9,44%, на петто место е Максим Димитриевски со 75.852 гласови или 8,83%, на шесто место Билјана Ванковска со 39.255 гласови или 4,57% и на седмо место Стефчо Јакимовски со 7.836 гласови или 0,91%.