strumica denes logo

БРАНКО ЃОРГИЕВ И НАСЛЕДСТВОТО ШТО ГО ЧУВААТ МОНЕТИТЕ – ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈОТ ВО СТРУМИЦА НА 15 ОКТОМВРИ!

Автор:

Датум:

октомври 9, 2026

Автор:

Датум:

октомври 9, 2026

На 15 октомври (четврток), со почеток во 18:30 часот, во Галеријата на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица ќе биде отворена изложбата на монети од XIV до XX век.

Изложбата е подготвена врз основа на истоименото издание на Музејот, чиј автор е историчарот и виш кустос Бранко Ѓоргиев и претставува можност за непосредно запознавање со нумизматичкото наследство и историските сведоштва што ги носат монетите од различни временски периоди.

Монетите се многу повеќе од средство за размена. Тие се сведоци на времето во кое настанале, на царствата и државите што ги издавале, на владетелите, општествените односи и културните вредности.

Преку нивните ликовни претстави, натписи и материјални карактеристики се откриваат важни аспекти од политичката, социјалната и уметничката историја.

Со оваа изложба, покрај презентацијата на вредното нумизматичко наследство, се промовира и изданието на Одделението за историја и историско културно наследство при Музејот – Струмица.

Каталогот, со своите прецизни описи, фотографии, технички податоци и историски контекст, претставува значаен референтен извор за истражувачите, научната јавност, колекционерите и сите граѓани заинтересирани за историјата на својот роден крај.

Изложбата овозможува подобро разбирање на историските процеси и на начинот на кој овој регион бил поврзан со пошироките политички, економски и културни текови низ вековите.

Проектот е со поддршка од Државна Лотарија.