strumica denes logo

МАКЕДОНСКО-КИНЕСКАТА КУЛТУРНА СОРАБОТКА ДОБИ МУЗИЧКИ ИЗРАЗ ВО СТРУМИЦА

Автор:

Датум:

октомври 8, 2026

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 8, 2026

Категории:

Струмица

Ученици од ООМУ „Боро Џони“ и млади музички таленти од Струмица учествуваа на мастерклас по оперско пеење со тенорот Ѕи-Ѕао Гуо (Zi-Zhao Guo). Преку непосредна работа со маестрото, учесниците се запознаа со техники за развој на гласот и со пристапи кон оперската изведба.

Во фокусот на едукативната средба беа вокалните вештини, оперската интерпретација и современите методи за усовршување на пеењето.

Првиот ваков мастерклас во Струмица го организираше Фондацијата „Институт за социо-економски развој Академија АБЦ“, во соработка со Општина Струмица, Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје и ООМУ „Боро Џони“.

Според организаторите, иницијативата е насочена кон поддршка на младите музичари и развивање на меѓукултурната соработка преку размена на знаења и искуства.