Струмичанката Невенка Мачукова Лазарова е добитничка на признанието „Лидери за вештачка интелигенција во средното образование“, со што се вброи меѓу ТОП 100 наставници во државата во рамки на оваа иницијатива.
Признанието ѝ беше врачено денеска на свеченост во Brainster Next College, организирана во рамки на проектот „AI at SCHOOLS“, кој се реализира во партнерство со Министерството за образование и наука.
Од училиштето во кое работи професорката изразија гордост за нејзиниот успех, истакнувајќи ја нејзината посветеност кон современото и иновативно образование. Оттаму ѝ упатија честитки за признанието, кое го потврдува нејзиниот ангажман во унапредувањето на наставата.
























