Согласно календарот на неработни денови, 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам ќе биде неработен за сите граѓани.
Освен овој ден, неработен за сите граѓани ќе биде и денот од првиот круг од претседателските избори кој е закажан за 24. април, односно среда.
По април, во месец мај неработни денови за сите се:
1 мај (среда), Ден на трудот
6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители