Струмичани деновиве се жалат од преголемата врева која ја прават моторите во Струмица, особено во вечерните часови. Тие велат дека покрај вревата, некогаш улиците знаат да бидат и небезбедни поради брзината која е поголема од дозволеното.
Проблемот е со години присутен особено во летните периоди. И покрај големите засилени полициски контроли и апели од нивна страна, за жал дел од младината не знаат за нормално и човечно возење.