Ангелов: На бројот 112 може да ви се пружи помош и ако не зборувате

август 15, 2023

Стојанче Ангелов, директорот на Централот за управување со кризи во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше и за бројот 112.

„Јас сум горд што успеавме да го воведеме бројот 112. Доколку имате некаков проблем, со повреден, со пожар или со кражба, може да свртите на 112. И сметам дека бројот 112 мора да биде повеќе да биде промовиран. Спасивме неколку животи во последно време со овој број, односно новите автомобили имаат копче „СОС“ и тој број веднаш врти на 112. На овој број може да свртите и без сим картичка. За жал повеќе го злоупотребуваат, но сметам дека овој спаси многу животи. На тој број дури само ако свртите без да зборувате, односно да молчите, тоа е доволен сигнал дека некому треба помош и веднаш реагираме. Испраќаме лица од МВР да видат што се случува. Многумина од граѓаните се во шок кога ќе настане некој несреќен случај, па затоа сметаме дека некој не може да зборува во таква ситуација, и согласно од положбата каде се наоѓа повикувачот, испраќаме екипа да види што се случува“, изјави Ангелов.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ