Ахмети му се закани на Мицкоски? Не барај си ја белјата, бирај ги зборовите, растен си со гурабии – Христијан Мицкоски денеска со одговор: Многу брзо и кексито и млекото ќе ти преседнат!

април 22, 2024

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во првата изборна единица, Христијан Мицкоски, објави на Фејсбук дека вчера ја повикал албанската опозиција на обединување против власта и изразил јавна намера дека веднаш по изборите, уште првиот ден ќе оствари контакт со нив за заедничка соработка која ќе се темели на принципи околу кои ќе се обединиме.

„Уште истиот ден се јави Али Ахмети, нервозно одговарајќи, прозивајќи ме со навреди и доза на закани, но треба да знае дека неговите закани не само што не ме заплашуваат, туку и добро ме засмејуваат.

Заканите доаѓаат од човек пред политичка пензија, помалку и заборавен, но сепак со добро грло, кое го вежба пеејќи по државни институции, и партиски прослави.

Важен му бил на Али мојот оброк од детството, хммм…, чудно, па се обидува заканите преку вицови да ги испрати. Ќе му одговорам! Мојот оброк Али во детството го печалеа моите родители со многу љубов и жртва да ме израснат и воспитаат во личност која ќе почитува и ќе се бори за својата Македонија. Но што е важно? Важно е Али да дадеш одговор со што ги хранеше твоите, па денес голобради момчиња печалат милиони, ја купуваат Соравија, или пак како го спечали тој дворец во Зајас кој е како на некој блискоисточен шеик, а не политичар од сиромашната Македонија“, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Тој истакна дека ја разбира нервозата и паниката бидејќи за првпат биле прочитани и пред пораз.

„Доаѓа времето за одговори на многу прашања. Ова не е 2001ва, туку 2024та, 23 години потоа, а ДУИ го претвори во криминална организација од која страдаат и Албанците и Македонците. Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат…“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ