Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Загадениот воздух во Струмица – злосторство против човештвото
Постои глас или сомневање, дека загадениот воздух во Струмица, во голем дел потекнува од горење на отпадно автомобилско масло и гуми, како најевтин начин за загревање на објекти и индустриско производство❗
Не постои никаков податок како искористеното масло од возилата и гумите еколошки се третираат. Струмица има околу 12 519 регистрирани возила❗
Доколку масло од едно возило се истури во земја, се смета дека загадува вода за пиење за 50 луѓе. Доколку пак се користи како енергија за греење, чадот кој се испушта, се смета дека загадува илјадници луѓе❗
Чадот кој се создава од горење на автомобилско масло и гуми во себе содржи:
1. Штетни гасови: јаглерод моноксид, азот моноксид, азот диоксид, сулфур диоксид и др. Сите екстремно штетни и канцерогени гасови❗
2. Штетни органски материи: кетони, естри, алдехиди, киселини, алкохоли и др. Сите на свој начин делуваат штетно по здравјето❗
3. Канцерогени и токсични метали: партиклите на метали имаат потекло од моторите од автомобилите. Тоа моментално го дишеме – ПМ честички❗
Сите тие штетни гасови се причина за голем број на тешки болести и се канцерогени дури и доколку се согоруваат во ненаселена зона. Може да го замислите ефектот врз нашето здравје во Струмица – доколку ова е вистина❗
При користењето на автомобилско масло и гуми за греење, металите се содржат во големи количинини во пепелта од печките – така и се докажува кој користи ваков начин на греење📍
Општина Струмица и Градоначалникот не може да не знаат за ова❗
Доколку е точно дека ова се крие и се дозволува тогаш претставува сериозно злосторство против човештвото и граѓаните❗
Бројот на карциноми расте неконтролирано околу нас и зафаќа се помлада популација❗
Зошто Општина Струмица и надлежните институции дозволуваат масовно труење на народот❓ Зошто не реагираат по допрен глас❓
Дали е вистина дека во Струмица се штити канцерогена профит мафија❓
Само народот може да побара одговорност од нефункционална Општина Струмица❗
СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ 🇲🇰
Само за споредба, каков е воздухот во најблиските соседни градови 👇