Продолжува периодот на релативно топло време. Во среда кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат во текот на ноќта и во четврток, кога ќе бидат проследени со ретки грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во петок.
Температурите во Струмица ќе се движат од 7 до 23 степени целзиусови.