Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица:
Крушевска република – проект и предизборно ветување кое Костадинов не го реализира
Пред крајот на 2019 од страна на Општина Струмица беше објавено дека затварањето на каналот Крушевска Република е приоритетен проект за 2020 по барање на граѓаните.
Во 2020 од тогашното општинско раководство беше најавено дека каналот Крушевска Република ќе биде целосно покриен за неполна година. Во својата изјава за време на парламентарните избори во 2020, Костадинов вети дека каналот ќе биде завршен и со помош на Владата на СДСМ ова ќе биде приоритетен проект.
,,Парк шеталиште Крушевска Република – II фаза со што отворениот канал за собирање атмосферски води целосно ќе го претвориме во канал од затворен тип, ќе биде партерно и хортикултурно уреден и ќе се користи како шеталиште” – стои во изборната програма за локалните избори на Костадинов во делот на капителни проекти.
Пред примопредавањето на локалната власт, според општина Струмица проектот во првата фаза беше завршен 80%, а новиот градоначалник Костадинов требаше да заврши 20% од проектот во оваа фаза.
По половина мандат, десетина фотосесии, и потрошени речиси 1 милион евра, Костадинов едвај го довршува првиот потег на каналот со изјави дека проектот е реализиран.
Од ветеното затварање на 3000 метри, по 3 години има реализиција на 580 метри.
Погледнете ги подолу сликите како требаше да изгледа целиот проект кој го ветуваат на изборите. Дали тоа личи на реализиран проект, дали тоа е проектот онаков како го ветуваа. Кога ќе се покријат и останатите 3 делници од каналот Крушевска Република? На седница на советот, градоначалникот ретерираше со ставовите за целосно покривање на каналот.
И затоа граѓаните легитимно прашуваат што се случи со големото изборно ветување, како и кога ќе се реши лошата миризба во долниот дел од каналот, како ќе се реши зашумувањето на каналот, поплавувањето на истиот, но и сообраќајниците паралелно со каналот.
Неодговорно е да се дававаат големи изборни ветувања, а потоа да се манипулира со роковите за нивна реализација. Потребни се промени во Струмица.