Голема радост за жителите на Струмица – по долг период, конечно оваа година ќе се отвора новото крило на ЈЗУ Општа Болница – Струмица! Информацијата за Струмица Денес ја потврди и директорот на болницата, Д-р Гоце Христов, кој истакна дека новиот дел значително ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги во регионот.
Новото крило ќе овозможи зголемен капацитет за прием на пациенти, подобри услови за хоспитализација, како и нови простории за одредени специјалистички одделенија. Ова е значаен чекор напред за здравството во Струмица и олеснување за сите кои имаат потреба од медицинска нега.