strumica denes logo

ТРАМП ИЗЈАВИ ДЕКА СЕ УКРАДЕНИ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ОД USAID КОЈ ИМА ИНВЕСТИРАНО 1 МИЛИЈАРДА И ВО МАКЕДОНИЈА – КОЈ СЕ „ОФАЈДИ“ ОД ПАРИТЕ?

Автор:

Датум:

февруари 6, 2025

Автор:

Датум:

февруари 6, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно ја критикуваше американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) тврдејќи дека од таа агенција се украдени милијарди долари, јавува „Anadolu“.

„Изгледа дека се украдени милијарди долари од УСАИД и други агенции, а голем дел од нив одат на лажните медиуми како „исплата“ за производство на добри приказни за демократите“, напиша Трамп на Truth Social.

Неговата објава, според светските медиуми, дојде во време на дебата за медиумските организации кои добиваат владино финансирање што се интензивираше откако технолошкиот милијардер и шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск критикуваше одредени медиуми за наводно примање плаќања од федерални институции.

Маск, кој беше назначен од Трамп да ја надгледува ефикасноста на владата, го коментираше трошењето на федералниот буџет во X, тврдејќи дека администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден обезбедила средства за одредени медиумски организации.

1 милијарда евра USAID има инвестирано во Македонија. Речиси да нема институција каде некој апарат нема лепенка USAID или школо во Македонија каде нема нешто од USAID.