strumica denes logo

СТРУМИЧАНЕЦОТ СПАСЕ ПЕТРОВ СО НОВА МУЗИЧКА ПРИКАЗНА: „ЧАШИ ПОЛНИ СПОМЕНИ“

Автор:

Датум:

јуни 13, 2026

Автор:

Датум:

јуни 13, 2026

Струмичанецот Спасе Петров продолжува да ја гради својата музичка приказна и деновиве ја промовираше својата трета песна по ред, која го носи насловот „Чаши полни спомени“.

Станува збор за нов музички проект во кој Петров повторно се претставува пред публиката со авторски пристап и емоционална интерпретација. Музиката и аранжманот за песната се дело на Драги Станков, додека текстот го напишал самиот Спасе Петров.

По објавувањето на „Чаши полни спомени“, Петров упати благодарност до сите кои придонеле во реализацијата на проектот, а посебна благодарност изрази до Ивана Николовска и Рики Карчев за нивната поддршка и ангажман.

Со оваа песна, Спасе Петров го заокружува својот трет последователен музички проект, продолжувајќи активно да создава и да ја збогатува својата музичка кариера со нови авторски дела.