strumica denes logo

МИЦКОСКИ: Бугарија бара идентитетски отстапки, уставните измени не се единствениот услов – Чекавме години ова да го види и Европа!

Автор:

Датум:

јуни 12, 2026

Автор:

Датум:

јуни 12, 2026

Чекавме години Европа и светот да видат дека Бугарија има барања за идентитетски отстапки од Македонија, рече денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Мицкоски кажа дека уставните измени не се единствен услов, дека имаме идентитетски прашања кои се на маса уште од 2022 година, но се чекаше до овој момент и граѓаните, но и светот да види кои се условите кои Бугарија ги бара од Македонија.

– За нив работата на историската комисија е суптинска, не се тоа нови барања, тоа се барања од самиот почеток. Тоа се барања од 2022 година, тоа што се обидува некој да ги манипулира граѓаните и јавноста во Македонија, тоа е друга тема. Ова се барања кои ние ги видовме упте во 2022 година и затоа рековме дека сме против. Само што чекавме три години за да тие барања ги слушне цела Европа, светот, но и тие граѓани кои за жал беа жртви на манипулативната политика на поединци. Ова не се нови барања, истите барања се, работата на историската комисија не е формална, таа е суштинска и не е првпат тоа ние да го слушнеме на тие разговори. За нив работата на историската комисија е суптинска, немаме исто гледање на идентитетските прашања. За нас Гоце делчев е идентитетот македонски, за нив не е, за нив е дел од бугарскиот идентитет, за нас Илинденското востание е дел од македонскиот идентитет, за нив не е, за нив е преображенско востание. Тоа се суштински прашања кои за жал се присутни од 2022, не се нови барања, одговори премиерот на новинарско прашање по средбата меѓу претседателката Сиљановска Давкова и бугарската в.д претседателка Јотова вчера во Софија.