strumica denes logo

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВЛЕЗЕ ВО „ОСИЛОТО“ НА МАФИЈАТА – РАЗБИЕНА „БЕЛАНОЦА-БАРОН“

Автор:

Датум:

декември 17, 2024

Автор:

Датум:

декември 17, 2024

Полицијата влезе во директна битка за разбивање на македонските нарко картелите. Добро опремени и вооружени полициски сили синоќа влегоа во осилото и упаднаа во Чаир, Арачиново, Шуто Оризари, Бутел и Студеничани – места кои се сметаат за бази на опасните криминални банди. Уапсени се четворица а под истрага се вкупно 18 членови на Беланоца – Барон. Некои се наоѓаат во притвор или издржуваат затворска казна.

Криминалците вршеле различни кривични дели, вклучувајќи убиства, изнуда, и злосторничко здружување. За убиство наплаќале и до 250 илјади евра. изнудувале пари од луѓе со насилство и закани, а биле вмешани и во тешки дела против општата сигурност.

МВР беше принудено да ја избрза акцијата, односно да ги испрати своите специјални сили два дена пред превиденото затоа што некој ги пробил информациите и почнал да им дојавува на картелите. Дел од полициските службеници, биле под притисок од една политичка партија да ја попречат акцијата.

Поднесена е кривична пријава против 18 лица од Скопје за убиство и обид за убиство кои се извршени во последните години, меѓу кои и убиството во Шиша бар кое предизвика голема вознемиреност кај македонската јавност. Има и кривична пријава за изнуда и злосторничко здружување. Дел од пријавените во 2020 година создала група која имала за цел вршење на кривични дела убиства. Подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кои, кога, каде и на каков начин ќе биде лишен од живот ,а одлуките ги спроведувале лично или преку припадници на криминалната група кои ги прифаќале и спроведувале. Договорите биле пренесувани во непосредни контакти или преку телефон, кажа Тошковски на прес-конференција.

Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки кој, каде, кога и на каков начин ќе биде ликвидиран.

Извршени се претреси на 30 локации и притоа се пронајдени поголем износ на пари, злато, огнено оружје и други предмети, а од слобода се лишени четири лица, додека едно лице само се пријавило во полициска станица. Единиците на МВР и армијата на се уште постапуваат на неколку локации во насока на пронаоѓање на доказен материјал и предмети што ќе помогнат во расветлување на случајот, информираа од ОЈО.

Со оваа акција ќе бидат повеќе убиства, меѓу кои и нарачаното убиство во Шиша Бар каде одекнаа рафали, а напаѓачите ги изрешетаа Јетон Кривањева и Енис Исеини. И трите неуспешни обиди за ликвидација на Раде Трајковски Штекли.

Властите велат дека оваа акција е само почеток на серијата операции кои ќе се спроведуваат во наредниот период за сузбивање на овие криминални банди.