Високи примања за новоотворените работни места во Струмица во Ламар-Дистрибуција. Се бара:
1. СМЕТКОВОДИТЕЛ
Овластен сметководител со познавање во областа на изработка на ДДВ пријави, изработка на плата, целосно материјално и финансово работење. Апликантите кои што имаат познавање од изработка на завршни пресметки ќе имаат предност.
2.МАГАЦИОНЕР
Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:
– Завршено Средно образование
– Претходно работно искуство е предуслов, и ќе се смета за предност
– Основно познавање програми за работа на компјутер
– Совесност и одговорност
– Возачка дозвола Б категорија
Краток опис на работни задачи и одговорности:
– Водење и организациски вештини во Магацинските простории,
– Секојдневно примање и издавање на роба и потребни материјали за
работа во магацин како и во канцелариски простории
– Евиденција на документи и реверси за сервис
– Одржување на ред и хигиена во магацинските простории
– Организација и архивирање документација за тековната работа
Сите заинтересирани за подетални информации и пријавување, може да се јават на следниот телефонски број: 077 993 333