strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Историски гледано Костадинов е најнеспособниот градоначалник досега – Ги имал сите информации за водата и можел да свика Совет и координација, а тој излезе со фејсбук пост со кој направи паника!

Автор:

Датум:

октомври 4, 2024

Автор:

Датум:

октомври 4, 2024

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Кризата со вода во Струмица е сериозен проблем и претставува ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА и опасност по здравјето на граѓаните – НЕ Е само обична криза.

Историски, не се памети Струмица да имала проблем со чиста вода за пиење. Имало кризи, меѓутоа криза со нечиста вода за пиење со која директно е загрозено здравјето на граѓаните, немало!

Историски, излегува дека Костадинов е НАЈНЕСПОСОБНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК во историјата на Струмица. Меѓутоа тој самиот не се перцепира како историска и политичка личност – со што и самиот призна дека е профитерска личност на позиција на Градоначалник на Струмица.

Зошто го кажувам ова?

Лошото менаџирање во последните 3 години со водата во Струмица е директна причина за оваа еколошка криза ( за ова многупати предупредувавме) – меѓутоа кризи и проблеми има во животот и работењето, и нив треба да ги предвидуваме, менаџираме и ублажуваме кога ќе се појават. Тоа зависи од способноста на Градоначалникот и неговиот менаџерски тим – имавме сушен период, високи температури, пожари и т.н.

За проблемот со водата во Струмица сме зборувале, сме пишувале колку пари се трошат и дека се работи недомаќински и тоа е факт. За жал, Костадинов не го земаше проблемот со вода сериозно!

Меѓутоа!

После толку неправилност со управувањето со водата и со толку години неплатени сметки кон Водостопанство, со расипничко трошење на водата од јавните чешми, без ниту еден проект за подобрување на водоводната мрежа – – да излезе Костадинов, кој е Градоначалник на Струмица , кој веќе знае дека има еколошка катастрофа пред него со Турија и знае дека има опасност по здравјето на граѓаните – водостојот не паѓа преку вечер!

Со сите овие податоци…..

Да излезе Костадинов СО ПОСТ НА ФБ и да предизвика паника помеѓу граѓаните – тоа се нема случено!

Без никакви податоци и решенија за ЕКОЛОШКАТА КАТСТРОФА!

Затоа е историски НАЈНЕСПОСОБНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК на Струмица , Македонија а верувам и пошироко.

Сите мерки кои ги превзема сега, се со сериозно закаснување, и се само начин да се ублажи веќе настанатата штета и е само доказ за неговата ИСТОРИСКА НЕСПОСОБНОСТ!

Како Градоначалник ги имал сите информации и можел да свика и Совет и координација, да формира кризно тело , да побара помош од други општини и од Влада на Р. Македонија.

Ако постои некаква опасност за Општината и здравјето на граѓаните потребно е да се реагира веднаш, за координирано сите партии и здруженија да помогнат да не настане паника и да се изнајде решение , што побрзо!

Очигледно е дека ЈПКД Комуналец, кој е под Општина Струмица сериозно потфрлил во работењето, бидејќи со години работи недомаќински.

Што направи Костадинов ?

Излезе со пост со кој направи паника помеѓу граѓаните. Излезе да обвинува директор на јавно претпријатие , од неговата партија со кој до вчера соработуваа и се покриваа.

Обичниот граѓанин и сите приватни стопанственици редовно плаќаат сметки за вода – во 2024 има програма да се наплатат близу 2 Милиони евра ( 118 Милиони денари) од сметките за вода од граѓаните. Во 2022 г наплатено е 112 Милиони денари од граѓаните.

Годишен долг кон водостопанство е 20 Милиони денари – Кај се парите од народот? За што ги трошите?

Во реалниот свет ( во кој не живее Костадинов) ако не платиш сметки, те исклучуваат. Кога на Костадинов некој ќе му отпише долг , настанува ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА со опасност по здравјето на граѓаните!

Мерката за намалување на водата сметам дека е смешна!

Наш предлог е додека да се реши проблемот со водата, граѓаните да не плаќаат никакви сметки за вода. Сметките за вода да бидат О ДЕНАРИ за сите граѓани и фирми, до решавање на проблемот со водата.

За жал Костадинов нема разбирање и за тоа! Повторно наплаќа вода без да инвестира во одржување!

Сметаме дека граѓаните до сега плаќаа и премногу за вода, со оглед дека тие 2 Милиони евра не се правилно инвестирани во инвестиции и одржување на системите за вода.

ИСТОРИСКАТА НЕСПОСОБНОСТ за жал повторно ја плаќаат граѓаните!

ВО 21 век Струмица троши 7 МИЛИОНИ ЕВРА за електрични комбиња , а нема чиста вода за пиење!!!!!!!!!!